Меѓу нив е и поранешниот голман на младинската репрезентација, Бартоломеј Куру, а покрај него суспендирани се уште и Марјан Маркиќ, Ратко Буљиќ, Дејан Ќосиќ, Милош Гициќ, Дејан Нешовиќ, Андреас Штрапајевиќ, Филип Петерман и Роберт Бенцун. Тие повеќе не само што не смеат да играат фудбал туку и да работат како тренери, скаути, менаџери…
„Интегритетот на спортот ни е важен без разлика за кое ниво на натпреварување станува збор. Затоа решивме детално да ги провериме и натпреварите од Третата лига поради потенцијални сомнителни ситуации“, изјави првиот човек на австрискиот фудбал, Герхарт Милетих.
Суспензијата не важи само во Австрија туку и на меѓународно ниво и ќе трае сѐ додека не заврши истрагата.