Американскиот суд ја отфрли граѓанската тужба за силување против португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, која ја поднесе поранешна американска манекенка, според одлуката на судот, која денеска ја консултираше АФП.
Судот во Невада во петокот го отфрли случајот поради наводни прекршувања од страна на адвокатката на тужителот Кетрин Мајорг.
Мајорг ја обвини фудбалската ѕвезда дека ја силувал во 2009 година во хотел во Лас Вегас.
Во 2019 година, американскиот суд одлучи да не го гони Роналдо во кривична постапка поради недостаток на докази .