Камерунецот Самуел Регис Баха стана популарен на социјалните мрежи откако сними видео во кое се жали на студеното време во Србија.
Баха е во Србија веќе три години, но очигледно се уште не е навикнат на зимските услови. Во Камерун не мораше да издржи екстремно студени услови и снег, па сега објави видео на пат кон тренинг.
“Погледнете како е ова време. Како пекол! Мора да одите на тренинг во ова е.ано време. Не е лесно, навистина не е лесно”, мрмори камерунскиот фудбалер во вирално видео.
Бах (25) пред три години од Крушевац пристигна во Напредак, а од тој клуб минатата година се пресели во Младост од Лучани каде е снимено видеото.