Претставници на фудбалските федерации на Македонија, Италија, Португалија и Турција одржаа on-line состанок на кој беше разговарано за организациските предизвици за дуелите во март следната година.
Македонија во Палермо на 24. март против Италија ќе го одигра првиот натпревар за место во финалето за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година. Според правилникот, нашата федерација ќе може да смета на близу 1300 влезници (пет проценти од вкупниот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“.
Инаку вкупниот капацитет на стадионот во Палермо изнесува 37,619.
Нашата репрезентација ќе биде гостин и на евентуалниот финален натпревар доколку успееме сензационално да го победиме Европскиот првак, Италија.