Лука Модриќ и Марсело се позитивни на Ковид-19, и не се единствени.

Нови на листата се фудбалерите Марко Асенсио, Герет Бејл, Андриј Лунин и Родриго, а позитивен е и помошниот тренер Давиде Анчелоти.

Правилата во Ла Лига се јасни, „позитивните“ фудбалери мора да одат во десетдневна изолација, а тоа значи дека овие фудбалери нема да бидат во комбинација за натпреварите против Кадиз и против Атлетик Бибао.