Барселона со гол во последните минути го победи претпоследниот тим од шампионатот Алавес со 1:0 во 22. коло од шпанската Ла Лига. Тимот на Чави имаше повеќе од играта во текот на натпреварот и го контролираше поседот на топка, но се мачеше да создаде шанси за гол.

Сепак, во 87. минута од натпреварот фудбалерите на Барселона одиграа одлична акција. Алба испрати одлична топка за Феран Торес кој налета во шеснаесетникот, а тој потоа асистираше за Френки де Јонг кој го постигна единствениот гол на натпреварот.

https://twitter.com/GolsArruda/status/1485367973128949767?s=20

Со оваа победа Барселона го престигна Реал Сосиедад на петтото место во шпанското првенство и сега заостанува само еден бод зад четвртопласираниот Атлетико Мадрид. Алавес остана на претпоследното место со 17 бодови.

Standings provided by SofaScore LiveScore