Ливерпул славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 3-1, со головите на Ван Дајк, Окслејд-Чемберлејн и Фабињо, па така поранешниот англиски шампион продолжи сериозно да му се приближува на лидерот Манчестер сити и сега разликата меѓу нив е девет бодови со тоа што „црвените“ имаат одиграно и еден натпревар помалку.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп повторно е во центар на внимание на англиските медиуми, а причината за тоа е неговиот потег по натпреварот во Лондон, кога почна да им дели пиво на навивачите.