Гуџуфи лани преку Академија Пандев потпиша со Бешикташ и младинскиот погон на овој турски великан, но поради тоа што е малолетен и на 29 мај годинава ќе наполни 18 години, сега ќе го потпише професионалниот договор од пет години и ќе биде дел од првиот тим. Гуџуфи е еден од најголемите македонски таленти, заедно со Дашмир Елези (Шкендија), а тој ја мина целата вардарова школа пред да замине во зимата лани од црвено-црните после хаосот во клубот и по шест месеци во Струмица направи трансфер во Истанбул.
„Бешикташ го има Гуџуфи, тој на 29 мај ќе наполни 18 години и петгодишниот договор ќе биде објавен во првата недела од јуни“, објави турскиот новинар Мурат Озен, инаку член и на Собранието на црно-белите.
Турски Фенербахче заработи куп милиони од Елиф Елмас, кого во 2017 година за трансфер-компензација го зема од Работнички, па две години подоцна инкасира 16 милиони евра плус бонуси од македонскиот „дијамант“ продавајќи го во италијански Наполи.