Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум ги промовираше двете најнови засилувања, Сава Радиќ и Па Омар Џобе.
Напаѓачот Па Омар Џобе доаѓа на шестмесечна позајмица од тимот на Шкендија, а пристигна во Струга како дел од трансферот на Клисман Цаке во тетовскиот тим.
Десниот бек Сава Радиќ потпиша двегодишен договор и доаѓа од редовите на Академија Пандев.