Ливерпул ќе го предизвика Челси во финалето на Лига-купот на Англија откако вечерва на „Емирати“ го совлада Арсенал со 0-2. Со оглед дека првиот дуел заврши без голови, „црвените“ го трасираа патот кон финалето во ова натпреварување.

Португалскиот интернационалец Диого Жота ја презеде одговорноста во отсуство на Салах и на Мане. Тој беше двоен стрелец на овој меч. Го отвори резултатот во 19.минута, а потоа и го потврди триумфот во 79.минута од дуелот.

Томас Парти во 90.минута заработи и исклучување во тимот на топчиите.