Екипата на Мега вечерва направи големо изненадување со победата над Партизан во „Пионир“ со резултат 93:90, а неколку часа по крајот на тој меч менаџерот Мишко Ражнатовиќ официјализираше еден изненадувачки трансфер.
Ако ја следите турската Суперлига оваа сезона, не би можеле да ги пропуштите неверојатно убедливите порази од тимот на Афјон, а особено оној од Тофаш, со дури 90 поени разлика – 145:55.
Овој тим го има најлошиот скор во лигата, со три победи и 14 порази, а се чини дека е сигурен патник во понискиот ранг на натпреварувањето.
Но, Мишко Ражнатовиќ вечерва потврди дека Афјон добил засилување од – НБА лигата!
Поранешниот кошаркар на Њујорк Никс, Вејн Зелден, стана нов член на овој турски клуб. Ова момче има 27 години, игра на позицијата бек, а во текот на кариерата играше и за Њу Орлеанс, Мемфис, Чикаго… Пред Њујорк, сезоната 2020/21 ја мина во израелски Нес Сион.