Фудбалерите на Атлетик ја совладаа Барселона со 3:2 во Билбао по продолженијата и обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот на кралот.
Одличен натпревар видовме вечерва на Сан Мамеш каде домаќинот со смртоносни контранапади го реши натпреварот против Каталонците.
„Лавовите“ поведоа во втората минута кога Икер Мунаин со прекрасен удар по додавањето на Нико Вилијамс го совлада Тер Штеген.
Барса возврати со офанзивна игра, а таквиот пристап им вроди со плод на гостите во 20. минута кога Феран Торес убаво го погоди спротивниот агол на противничкиот голман.
До крајот на мечот следеше нешто помирен ритам, Вилијамс од далечина ја погоди гредата, а потоа во 86. минута Мартинез повторно го доведе својот тим во водство.
Кога се чинеше дека домаќинот ќе ја елиминира Барса, Педри успеа да израмни во третата минута од судиското продолжение, што донесе дополнителни 30 минути игра.
Многу стартови во следните половина час, видовме дури шест жолти картони, но детаљот од финишот на првото продолжение беше пресуден кога беше досуден пенал за Билбао по играњето со рака на Алба.
Сигурен од белата точка беше Икер Мунаин, кој на тој начин на својот тим му обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Кралот.
https://www.youtube.com/watch?v=1MbzZOef4QA