Четвртокот на Европското првенство заврши со два спектакли.
Данска во соседското дерби го победи Исланд со 28:24 (17:14), додека Норвешка ја совлада Полска со 42:31 (21:15).
Фантастичен меч беше забележан во Будимпешта, каде Данска прикажа најсовремен ракомет, додека Исланд и покрај околностите со заразени играчи добро се држеше.
Исланѓаните имаа водство до средината на првото полувреме, потоа се вратија од негатива од четири, но пресуден беше одличниот квалитет на Данците кои чекорат кон полуфиналето.
Сега имаат четири бода на чело на првата група во главната фаза заедно со Франција.
Гидсел беше незапирлив со девет гола, Хансен имаше пет, со три промашени седмерци исто колку и Сван.
Кај Исланд, Магнусон постигна седум, а Смарасон четири.
Интересен судир беше забележан и во Братислава меѓу Норвешка и Полска, каде доминираа Бартолд и Сагосен.
Првиот од крило, а вториот од позиција на среден бек, за кој Полјаците немаа решение.
Норвешка стигна до два бода, први во втората фаза и ја задржа борбата за полуфинале, заедно со Русија, Германија, Шведска и Шпанија, па борбата ќе продолжи до последното коло.
Бартолд постигна 10 гола, Сагосен девет, а Бјорнсен осум, додека кај Полска најдобри беа Морито со 10 и Сицко со шест.