Со неверојатен расплет на деветтото коло од групата Д на Европската лига, „картите“ остануваа отворени и максимално компликуван расплет следи во последното десетто коло следниот вторник.
Еурофарм Пелистер загуби од Татабања со 25-21, АЕК го совлада Спортинг во Грција со 25-24, а Руезга не реализира седмерец за реми, а уште полуд финиш им донесе реми на ракометарите на Кадетен Шафхаузен во Ним (33-33). Во пресрет на последното коло извесно е само дека Ним е квалификуван и сигурно првопласиран и дека Татабања е сигурно последна и елиминирана.
Еурофарм Пелистер сам зависи од себе и може да заврши од второто до петтото место. Дури и неколку опции му одговараат на дуелот против АЕК Атина следниот вторник во Битола. Во случајно ќе мора да чека позитивни вести од натпреварите Спортинг – Ним и Кадетен Шафхаузен – Татабања.
* Еурофарм Пелистер ќе биде второпласиран ако го совлада АЕК или натпреварот заврши без победник. Второто место ќе им припадне на битолчани и во случај на пораз до три разлика и доколку истовремено не победат и Спортинг и Кадетен Шафхаузен.
* Еурофарм Пелистер ќе биде третопласиран ако загуби до три разлика против АЕК Атина, а еден тим меѓу Спортинг или Кадетен Шафхаузен не извојува победа на своите дуели против Ним и Татабања.
* Еурофарм Пелистер ќе биде четвртопласиран ако загуби од АЕК до три разлика (првиот натпревар заврши 27-30), а Спортинг и Кадетен Шафхаузен ги добијат своите натпревари против Ним и Татабања.
* Еурофарм Пелистер ќе биде петтопласиран ако загуби со повеќе од три разлика (или со три разлика со 31 или повеќе примени голови) од АЕК Атина, а Спортинг и Кадетен Шафхаузен ги добијат своите натпревари против Ним и Татабања.
Ако успешно ја минат својата мисија битолчани би играле против Магдебург (ако бидат четвртопласиран), Савехоф (ако бидат третопласирани) и Нексе Нашице (ако бидат второпласирани). Во случај на дуел со хрватскиот претставник реваншот ќе се игра во Битола, а во другите два случаи пелистерци на возвратниот натпревар ќе гостуваат.