Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Елче на гости со резултат 2:1 во осминафиналето на Купот на кралот.

Избраниците на Карло Анчелоти многу се мачеа да го елиминираат многу мотивираниот домаќин .

Елче ќе жали за шансата за Кариљо, кој пропушти огромна можност да го доведе својот тим во водство, по што ја видовме јаловата теренска иницијатива на Реал, па натпреварот отиде во продолженија.

И таму, многу возбуда.

Марсело беше исклучен во 102. минута, а минута подоцна со многу среќа гол постигна Верду и тогаш се чинеше дека елиминацијата е поблиску до Мадрид.

https://www.youtube.com/watch?v=XEz9rhA1HDY

Следуваше „будењето на заборавените“, во 108 минута „кралскиот клуб“ го израмни резултатот преку Искo по ударот на Дани Себаљос, а во 115 минута Еден Азар донесе тотален пресврт по асистенција на Давид Алаба.

https://www.youtube.com/watch?v=oexf5HhDMoo

https://www.youtube.com/watch?v=rjJUC65jccI

Елче погоди во самата завршница од мечот, но тој гол оправдано беше поништен поради офсајд .