Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска го исфрли Алжир со победа од 3:1 на крајот од групата Е на Африканскиот куп на нации.
„Слоновите“ завршија на првото место во групата, но и го оставија бранителот на титулата само со еден бод и неочекувано да бидат спакувани дома по првото коло.
Епилогот беше навестен во 39. минута кога Ибрахим Сангаре го удвои водството, откако во 22. погоди Френк Кеси донесе предност.
Сите дилеми беа решени во 54. минута, кога Николас Пепе освен што му асистираше на Кеси, постигна гол со убава „кифла“.
Ѕвездата на Манчестер Сити, Ријад Марез се погрижи пустината на „пустинските лисици“ да биде комплетирана со промашен пенал, поточно ја погоди стативата.
На крајот Алжир успеа да постигне гол преку Софијан Бендебка во 73. минута.
Понатаму покрај „слоновите“ оди Екваторијална Гвинеја поради победата од 1-0 над Сиера Леоне.
Човек на одлука беше Пабло Гарне во 38. минута, додека ривалот ќе жали за промашениот пенал на Кеи Камара во 85. минута.
Она што е интересно е дека Брегот на Слоновата Коска ќе се судри во дербито од нокаут фазата со Египет, додека Екваторијална Гвинеја ќе го чека расплетот во групата Ф и победникот од таа група.