Познати се уште двајца учесници на СП во Катар по 17. коло од јужноамериканските квалификации. Станува збор за репрезентациите на Уругвај и Еквадор .
Во Јужна Америка се одиграа четири натпревари од претпоследното, 17. коло од квалификациите за Светското првенство во Катар, а по нив ги знаеме сите четворица директни патници од тој континент. Покрај досега познатите Бразил и Аргентина, од денеска тоа се Еквадор и Уругвај.
Клучната средба беше онаа на Уругвај и Перу во Монтевидео. Перу веќе знаеше дека Еквадор загуби, па со победа можеше да стигне до третото место со 24 бода, но останува на 21, Еквадор и Уругвај се на 25 и обезбедуваат место.
Гол доволен за победа постигна Џорџин Де Араскаета во 42. минута за 1:0 и резултатот не се промени до крајот. Така на Еквадор не му значи ништо поразот од Парагвај со 3:1 во кој стрелци беа Моралес, Хинкапи (автогол), Алмирон и Каиседо.
Три селекции се уште се борат за петтото место и интерконтиненталниот плеј-оф за уште едно место. Перу по поразот е на 21 бод, а доста блиску е и Колумбија.
Колумбијците ја совладаа Боливија со 3-0 со головите на Луис Диаз, Мигел Борха на асистенција на новиот играч на Ливерпул и Матеус Урибе и се на петтото место со еден бод.
Шанса има и Чиле, кој убедливо беше поразен од првопласираниот Бразил. На Маракана беа досудени два пенали, едниот го реализираше Нејмар, а другиот Кутињо, а мрежата за висока победа ја затресоа и Винисиус Жуниор и Ричарлисон.
Чилеанците имаат 19 поени и само победа над Уругвај со коинциденција на други резултати ги води понатаму. Во најдобра ситуација е Перу, кој зависи од себе и го пречекува Парагвај, додека Колумбија ќе гостува кај последната Венецуела.
Јужна Америка, Квалификации за Светско првенство, 17. коло:
Бразил – Чиле 4:0
Колумбија – Боливија 3:0
Парагвај – Еквадор 3:1
Уругвај – Перу 1:0