Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ изјави дека првиот натпревар против Мароко можеби ќе биде клучниот натпревар за неговата репрезентација на Мундијалот.
Тој додаде дека сега најважно е сите играчи да останат здрави до почетокот на Светското првенство.
„Мароко е важен, ако не и клучен натпревар за нас. Имаат одлична репрезентација, опасни се, незгодни, имаат многу играчи кои играат во Европа. Ќе имаме три вистински тактички тренинзи за тој натпревар. Важно е сите да бидат здрави“, рече Далиќ, пренесува агенцијата Хина.
Актуелните вицешампиони на светот денеска заминуваат од Загреб во Ријад каде на 16 ноември ќе играат против Саудиска Арабија во последниот подготвителен натпревар пред Светското првенство.
Два дена подоцна, Хрватска патува во својот базен камп во Катар, каде што на 20 ноември започнува Светското првенство. Првиот натпревар Хрватска го игра на 23 ноември против Мароко, а потоа следуваат натпреварите со Канада (27 ноември) и Белгија (1 декември).
Далиќ изјави дека се уште нема состав за првиот натпревар.
„Многу работи се познати, нема лутање. Но, сè уште е тешко да се каже што ќе се случи до Мароко. Мора да ја видиме состојбата на играчите и да се подготвиме.За составот ќе видиме подоцна , на 22 ноември“, рече тој.
Далиќ на 9 ноември го објави списокот од 26 играчи на кои смета за Мундијалот и како што изјави денеска „нема промени“ на списокот.
Фала богу се е во ред, сите се здрави. Нема промени, списокот останува“, изјави Далиќ.
Далиќ откри и кои репрезентации ги смета за главни фаворити.
Ако ги погледнеме другите репрезентации, Бразил е можеби најдобриот тим“, изјави Далиќ.
Тој додаде дека има „околу десетина“ репрезентации кои можат да се надеваат на добар резултат во Катар.
“Франција ја брани титулата, Меси ја предводи Аргентина на неговото последно Светско првенство, а истото важи и со Роналдо во Португалија. Германија е опасна. Холандија се враќа, одигра добро во Лигата на нации. Шпанците имаат млада и моќна репрезентација, Англичаните потфрлија во Лигата на нацијата, но имаат добар тим. Белгија беше трета пред четири години“, изјави Далиќ.
„Таму ја гледам и Хрватска. Одиме таму да дадеме максимум, малку ми е криво што на ова Светско првенство ќе може да бидат само за одредени навивачи, поради трошоците“, изјави хрватскиот селектор.