Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше стрелец на погодок, но Леванте продолжува со порази. Го загуби и дербито на Валенсија од градскиот ривал (3-4) иако имаше два гола позитива на стартот од мечот.

Хозе Кампања и Роџер Марти донесоа водство од 2-0 за Леванте, но Гонкало Гуедеш намали пред полувремето, а потоа Карлос Солер со два гола во вториот дел направи комплетен пресврт. Гонкало Гуедеш во 85.минута зголеми на 2-4, а Енис Барди стрелаше во судиското прдолжение од мечот.

Но, Леванте загуби и остана на последното место на табелата во Ла Лига, без ниту една победа и со само осум освоени бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore