Бернардо Силва блекса оваа сезона во дресот на Манчестер Сити. Тој веќе постигна седум гола во 15 лигашки настапи оваа сезона, и уште три му недостигаат за да го собори личниот рекорд што го постави во натпреварувањето 2014/15 во Лига 1 како фудбалер на Монако.
Ќе беше чекор поблиску до таа цел доколку не заглавеше вечерва против Лидс во обид да го победи Јан Мели со послабата, десна нога. Кевин де Брујн му приреди зицер ситуација, францускиот голман веќе беше на земја, но Португалецот од десетина метри ја испрати топката крај голот.