Спектакуларна фудбалска претстава се одигра во Италија, на средбата меѓу Лече и Фиорентина, со пресврт и триумф на Лече.
Првиот натпревар од 23.коло во Серија А донесе спектакуларна победа на „црвено-жолтите“, кои од 1-2 со два гола во судиското надополнување стигнаа до голем триумф од 3-2.
Лече го отвори резултатот, откако Оудин погоди за водство од 1-0, а по паузата Роландо Мандрагора и Белтран донесоа пресврт и водство за Фиорентина од 1-2. Овој резултат беше активен до 91.минута кога Пиколи израмни на 2-2, а една минути подоцна Доргу донесе голема победа за Лече од 3-2.
Така, малиот клуб од јужна Италија конечно стигна до победа во Серија А, откако беше во серија од шест кола без триумф.