Атлетико Билбао во последните две кола имаше реми и пораз, но фудбалерите донесоа задоволство кај своите навивачи со победата над Мајорка од 4-0. Полесно од очекуваното освоија три бода и останаа во битка за Топ -4 во Ла лига.

 

 

Со овие три бода тимот од Билбао го задржа чекорот со водечките четири екипи и сега има само два бода помалку од Атлетико Мадрид и Барселона, но мадридскиот и каталонскиот гигант имаат по еден натпревар помалку. Мајорка, пак, останува на 15. позиција со четири бода над опасната зона.

Баскискиот тим во своите редови го имаше расположениот лев бек Јури Берчиче, кој на изненадување на сите беше автор на два гола. Првиот го постигна по само три минути игра, додека на 2-0 зголеми тринаесет минути подоцна. Со овој резултат се замина на пауза, а кон средината на вториот дел Гурузета стави крај на сите надежи на гостите и погоди за 3-0. Конечниот резултат го постави Мунаин во последната минута од регуларниот дел на натпреварот.