Капитенот на Јужна Кореја, Сон го однесе својот национален тим во полуфиналето на Азискиот куп со гол во продолженијата на дуелот со Австралија. Голгетерот на Тотенхем погоди во 104. минута на мечот и донесе победа за тимот предводен од Јирген Клинсман од 2:1 против селекцијата на Австралија.
Сон најпрвин изнуди пенал по соло пробив во 95. минута од натпреварот, од кој Хи-Чан Хванг успеа да израмни на 1:1 и да обебзеди продолженија. Австралија имаше полуфинале в рака, но иако водеше од 42. минута со голот на Гудвин, не успеа да ја задржи предноста.
Во битка за финалето, Ј. Кореја ќе игра против Јордан, кој во првото четвртфинале ја победи селекцијата на Таџикистан со 1:0.