Фудбалскиот натпревар на боливискиот тим Олвејз реди против Спортинг Кристал (Перу) влезе во историјата на Копа либертадорес, со оглед што беше одигран на надморска височина од 4.100 метри, поради што не изненадува победата на домашниот тим со 6-1.
https://twitter.com/i/status/1760143632156213300Пред дуелот скоро сите медиуми во регионот изразија загриженост за здравјето на фудбалерите, со оглед што е докажано дека човекот може да има отежнато дишење веќе на височина од 2.100 метри. Олвејс реди играше на двојно повисока локација, поради што гостинскиот состав немаше рамноправни услови за надигрување.
Домашните фудбалери се научени да играат во услови каде што има недостаток на кислород, па не им беше проблем да трчаат 90 минути без никакво дополнително оптоварување, што се виде и на овој натпревар. Резултатот на полувремето беше 1-1, но Перуанците во продолжението останаа без сили, веќе не можеа да трчаат во услови на редок воздух, па примија уште пет гола.