Италијанецот Чиро Имобиле имаше деби од соништата во турскиот фудбал, бидејќи на првиот официјален меч за Бешикташ направи огромна разлика во вечното дерби со Галатасарај.
Лутите ривали играа за титулата во Суперкупот оваа во Истанбул, но на „Ататурк“ стадионот доминираше само еден тим и на крајот Бешикташ повеќе од заслужено го освои првиот трофеј во новата сезона.
Црно-белите буквално го понижија Галатасарај и го победија со 5:0, триумф кој беше најавен уште во 22-та секунда по аматерката грешка на стоперот на Галатасарај, односно голот на Имобиле.
Чиро го искористи подарокот и го постигна првиот гол уште во првата акција, но до крајот на мечот уште еднаш се запиша во листата на стрелците, овојпат од белата точка.
Имобиле го постигна голот за 3:0 во 81-та минута, претходно погоди Свенсон, а во самата завршница дебаклот за Галата го комплетираа Рафа Силва и Хекимоглу.
Пред да бидат доделени медалите на двата тима, Имобиле беше избран и за МВП во финалето во Суперкупот.
https://twitter.com/i/status/1819792877540548987
https://twitter.com/i/status/1819811267223171538
https://twitter.com/i/status/1819818102500323825
https://twitter.com/i/status/1819820531300086101
https://twitter.com/i/status/1819821103763632154