Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети е освојувач на бронзениот медал на Летните Олимписки Игри во Париз откако славеше во „малото финале“.
Мусети, кој е шеснаесетти на АТП-листата, беше подобар од Феликс Оже-Алијасим од Канада кого го совлада со 2-1 во сетови (6-4, 1-6, 6-3). Канаѓанецот за првпат беше во оваа фаза, но не успеа да дојде до престижното одличје како дебитант.
За Италија ова беше прв медал во сингл конкуренција по 100 години. Последен кој освои одличје беше Уберто де Морпурго во 1924 година, кога ја освои бронзата.