Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се повлече од Вимблдон.
Рафаел Надал утре требаше да игра во полуфиналето на Вимблдон против Ник Киргиос, но тој ќе се повлече од турнирот и Австралиецот ќе се пласира во финалето.
Како што знаете, тој го повреди стомачниот мускул и затоа на почетокот неговиот настап беше под знак прашалник, но шпанскиот тенисер сакаше сепак да се обиде да игра.
Надал свика вонредна прес-конференција на која и официјално ја соопшти својата одлука. Неговата серија од 19 последователни победи на Грен слем натпревари наскоро ќе биде прекината.
„Добро вечер на сите,за жал морам да се повлечам од Вимблдон. Како што видовте вчера, имав многу болки во пределот на стомакот и се потврди дека сум скинал мускул. Очигледно состојбата на оваа повреда ќе се влоши како времето минува па не е паметно да играм.Не само што не можам да сервирам,туку ми е тешко и да се движам.Од почит кон себе не сакам да излезам таму и да бидам недоволно компетентен.Среќата и здравјето ми се поважни од кој било турнир“, изјави Надал.
Не верува дека се работи за повреда која долго ќе го оддалечи од теренот.
„Ќе можам да играм, можеби не сега, но за една недела или нешто повеќе ќе можам да ја удирам топката од основната линија. На некој начин тоа е позитивна работа…Овој случај не е како повредата на стапалото. Тука морам да внимавам работите да не се влошат“, вели шпанскиот тенисер.
Тоа значи дека нема да го гледаме финалето Надал – Ѓоковиќ, туку дека Ник Кирјиос ќе го чека подобриот од дуелот меѓу српскиот тенисер и домашниот тенисер Камерон Нори.