Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска победи со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3 против Хрватката Антониа Ружиќ во финалето и ја освои титулата на турнирот во Куршумлиска Бања.
Ѓорческа тргна фуриозно во дуелот и набрзо направи брејк кој ѝ овозможи лесно да го добие сетот со 6-3, а идентично беше и во вториот сет каде што Ружиќ не најде решение за расположената Македонка која се закити со нова титула во кариерата.
Македонската тенисерка ја очекува скок на најновата ранг-листа на ВТА во топ-200, односно околу 186. место, но тоа официјално ќе биде потврдено в понеделник.