Натпреварот меѓу Лехија и Академија Пандев е прекинат по само шест минути игра, а причина за тоа е хаосот кој настана на главната трибина зад голот на стадионот во Гдањск.
Главниот судија Лафоге беше приморан да се одлучи за ваков потег по дивеењето кое беше актуелно на трибината, на која најверојатно дојде до меѓусебна тепачка поради фракции во навивачката група.
Иако домашните играчи на Лехија се обидуваа да помогнат во смирување на тензијата, до такво нешто не дојде, па натперварот е во прекин повеќе од 40-тина минути.
Од информациите кои пристигнуваат од Полска, следен чекор ќе биде празнење на „Полсат арената“ каде има навивачки групи, но засега не е познато кога натпреварот ќе биде продолжен.
https://twitter.com/FootPolak/status/1545113664994398211?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1545113664994398211%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fhaos-vo-gdanjsk-natprevarot-megju-lehija-i-akademija-pandev-prekinat-vo-shestata-minuta-video%2F