Првото полувреме помина без голови, но на стартот на вториот дел Кастро беше стрелец за предност од 1-0 на Болоња.
Голот на Кастро ги разбуди гостите од Бергамо кои тргнаа со сите сили по гол и создадоа дури 17 шанси во вториот дел, меѓутоа реализираа само една во 90. минута преку Самарџиќ.
Аталанта и Болоња имаат по седум бодови и се наоѓаат на делба на осмата позиција со Лацио.