Германскиот првак Баерн Минхен покажа дека е многу моќен и во новата сезона. Го совлада Ајнтрахт Франкфурт на гости со 1-6 на отворањето на новиот шампионат во Бундес-лигата.
Иако го продадоа Роберт Левандовски, тоа очигледно дека не ја намали офанзивната моќ на Баварците. Џошуа Кимих од слободен удар го начна Кевин Трап, а до крајот на првиот дел дури пет пати се тресеше неговата мрежа.
Павар зголеми на 0-2 во десеттата минута, а потоа стрелаа и Садио Мане, Џамал Мусијала и Серж Гнабри.
Во второто полувреме Рандал Коло Муани постигна почесен гол за домаќинот, а Мусијала стави точка на голеадата.