Трагедија на фудбалски терени во Индонезија. Голманот на Торнадо, клуб од Третата лига, загина како последица на судир со противнички напаѓач.
Младиот, 20-годишен голман на Торнадо, Тауфик Рамсјах, сакајќи да стигне до топката пред противничкиот играч се судри со него и остана да лежи неподвижен на тревата.
Веднаш бил пренесен во болница и во саботата бил опериран. Сепак, не издржал. Тамошните медиуми јавија дека тој починал во вчера поради тешки повреди.
Неговиот клуб излезе со соопштение по трагичниот настан.
„Тажна вест. Почина Тауфик Рамсјах! Тој го сакаше овој спорт уште од детството и на крајот умре извршувајќи ја професијата што толку многу ја сакаше. Тој ни ја остави својата страст и порака за иднината“.
https://twitter.com/SuporterFC/status/1473498979102957571?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1473498979102957571%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Ftragedija-na-nogometnom-terenu-golman-preminuo-nakon-sudara-s-napadacem%2F2327489.aspx