Шпанскиот фудбалер Феран Торес од јануари ќе биде играч на Барселона, пренесуваат странските медиуми.
За овој трансфер каталонскиот клуб на Манчестер Сити ќе му плати отштета од 50 милиони евра.
Како што се наведува, управата од Ноу Камп уште порано ги договорила условите со 21-годишниот играч.
Торес ќе биде првото големо засилување на Барселона откако Чави го презеде тимот.