Двете екипи имаа свои шанси за триумф, Милан водеше, Лацио направи пресврт, но ремито сепак е најреален исход. Српскиот репрезентативец Павловиќ го отвори резултатот во осмата минута со својот прв гол за Милан и „росонерите“ ја задржаа предноста до 62. минута. За краток период потоа Лацио направи пресврт преку Кастеланос и Диа, но португалецот Рафаел Леао се погрижи за второ израмнување и поделба на бодовите.
По три кола Милан уште нема победа во Серија А и само два освоени бода, па првиот триумф ќе го бара во четвртото коло против Венеција за две недели. Лацио е со четири бода што, исто така, не е ефект според очекувањата ако се има предвид дека во претходните две кола имаше релативно лесни противници.