РБ Лајпциг стави крај на неверојатната серија без пораз на германскиот шампион Баер Леверкузен која траеше 15 месеци или вкупно 35 натпревари.
Лајпциг славеше како гостин кај „фармацевтите“ со 3-2 по голем пресврт откако Баер водеше со 2-0 на овој дуел. Од 39. до 45. минута, Фримпонг и Грималдо ги донесоа домаќините до висока предност, имаа шанса да дојдат и до трет гол, не ги искористија, а потоа стигна казната.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас немаше придонес во победата бидејќи целиот натпревар го помина на клупата за резервни играчи.