Екипата на Димитријевиќ отвори со 29-20 во првата четвртина, по што Обрадоиро на полувреме намали на 42-48.
Валенсија создаде огромни 16 поени предност пред последната четвртина, но домаќинот успеа да стигне до пресврт (79-78), по што следеше драматична завршница која ѝ припадна на гостинската екипа.
Дубљевиќ беше најдобар во редовите на Валенсија и постигна 22 поени, додека Димитријевиќ даде осум поени, а имаше и еден скок и четири асистенции.