Алвеш имаше одличен однос со Меси во минатото, па за „Барселона ТВ“ доби задача да ги избере најдобрите во историјата на екипата. За голман го избра Виктор Валдес, додека Карлес Пујол беше избран за најдобар дефанзивец, додека Чави заврши во средниот ред, додека во нападот немаше место за Меси, туку за Самуел Ето.
Бразилецот и претходно изненади, откако кажа дека е пријател со Меси, но „Златната топка“ би му ја доделил на Кристијан Ериксен, кој доживеа срцев удар за време на Европското првенство (ЕП).
„Ериксен ја заслужува ‘Златната топка’ за тоа што се случи. Тоа беше силна порака од цел свет. Меси е најдобар, така беше во последните 20 години, но за сите ќе беше најдобро Ериксен да ја добие наградата“, кажа Алвеш неодамна.