Познато е дека Англичаните цврсто се држат за традицијата. Сепак во сабота на Викараж Роуд ќе се прекине традицијата во премиер лигата да суди домашен суфија.
Мечот помеѓу Ватфорд и Њукасл, за првпат во историјата на англиската елитна лига, ќе го суди судија од странство. Тоа е Австралиецот Џеред Џулиет.
Тој е искусен судија кој судеше голем број важни натпревари во својата земја. Живее во Англија од 2019 година и досега најмногу работеше во ВАР собата. Од почетокот на оваа сезона, тој е ставен на листата судии од Премиер лигата.