Вечерва се одиграа последните натпревари од колото во Шпанската Примера и Италијанската Серија А .
По четири одиграни кола, Наполи е единствениот тим во Серија А со сите четири победи.
Во последниот натпревар од четвртото коло, го победи Удинезе на гости со убедливи 4-0 и се најде на врвот на табелата.
Се започна во 24. минута со голот на Осимен, а Рахмани зголеми на 2: 0 во 35. минута, а со тој резултат се замина на полувреме.Уште еден гол беше виден во 52. минута, кој го постигна Калиду Кулибали за 3: 0 , а Ирвинг Лозано ги постави конечните 4: 0 во 84. минута од играта . Нашиот Ељиф Елмас ги одигра сите 90 минути за гостинскиот тим.
Фудбалерите на Барселона одиграа нерешено против Гранада 1: 1 на домашен терен во натпреварот од 5.коло на шпанската Ла Лига.Барселона уште еднаш успеа да ги шокира своите навивачи и за малку ќе загубеше дома од тимот на Гранада.
Гранада поведе во втората минута од натпреварот, кога Доминго Дуарте го совлада Тер Штеген.Серхио Ескудеро изведе корнер од десната страна и по добрата реакција на одбраната на Барса, топката се одби од него, па тој испрати центаршут до втората статива каде Дуарте беше добро поставен, кој само се поклони и ја испрати топката во мрежата.
Барселона можеше да израмни во 45. минута, но Максимилијано, голманот на Гранада, одлично реагираше и ја одбрани топката што многумина ја видоа во голот по ударот на Араухо .
Веројатно, Барса не ја искористи најдобрата шанса на натпреварот во 78. минута, кога Лук де Јонг осамен со глава од пет метри биеше над пречката .
Спасот за Барселона дојде по продолжението, кога Ролан Араухо постигна гол во 91 -та минута од играта, на асистенција на Гави, и со тоа им помогна на Каталонците да избегнат шокантен пораз.