Поранешниот италијански шампион Милан постигна значајна победа на гости кај Верона со 3-1 во 29. коло од Серија А.
Фудбалерите на Милан тргнаа фуриозно кон голот на Верона од самиот почеток, но до првиот гол чекаше цели 44 минути кога Тео Ернандез прв ја затресе мрежата на домаќинот.
Пулишиќ беше стрелец на вториот гол за „росонерите“ во 50. минута, но потоа Нослин намали на 1-2 во 64. минута. Сепак, Милан до крајот на мечот погоди и трет пат преку Чуквуезе.
На стартот на второто полувреме беше голот на Пулишиќ. Американското крило го одбележа јубилејот на Милан, давајќи го 5.000 гол во калчото. Претходно „милениумските“ погодоци беа дело на Нордал (1950), Ферарио (1964), Масаро (1991) и Кака (2007).
„Росонерите“ се второпласирани во калчолигата со 62 бодови, односно 13 помалку од лидерот Интер.