Екипата на германскиот гигант Баерн Минхен го совлада Пари Сен Жермен со 1-0 на „Алијанц арена“ во дербито од петтата рунда во ЛШ. Дефанзивецот Ким Мин-Јае во 38 минута беше стрелец на победничкиот гол за германскиот клуб, по грешката на Софиулин ја затресе мрежата на парижаните.
Во тврд натпревар, фудбалерите на ПСЖ се обидуваа рамноправно да парираат на офанзивниот пристап на Баварците, но домаќинот имаше поголем посед на топката и создаде повеќе шанси.
ПСЖ во второто полувреме од 57 минута остана со играч помалку по вториот жолт картон на Осман Дембеле, па поразот беше неизбежен. Баерн Минхен сега има вкупно девет бода на табелата, додека ПСЖ има само една победа.
Португалскиот, Спортинг Лисабон загуби од Арсенал со 1-5 на домашен терен. Мартинели, Хаверц и Габриел беа стрелци на головите за убедливо водство од 3-0 уште во првото полувреме, а потоа погодија и Букајо Сака и Леандро Тросар. Единствениот гол за Спортинг го постигна Гонсало Инасио на стартот на второто полувреме.
Аталанта од Бергамо беше убедлива на гостувањето кај Јанг Бојс и го торпедира швајцарскиот тим со 1-6. По два голови постигнаа Ретеги и Де Кетеларе, еден гол даде дефанзивецот Колашинац, а еден српскиот репрезентативец Самарџиќ.
Самарџиќ ја доби топката крај десната аут линија, на околу 30 метри од голот и тргна во слалом кон противничкиот гол. Тој нанижа неколку дефанзивци за на крај да ја затресе мрежата и да стави точка на победата.