Барселона ја оствари и четвртата победа во ЛШ, триумфираше над досега непоразениот тим на Брест со 3:0. ,На дуелот напаѓачот на Барса, Роберт Левандовски го постигна 100. и 101. гол во ЛШ, а во листата на стрелците се запиша и Дани Олмо.

Левандовски испиша историја со тоа што стана само третиот фудбалер кој стигнал до бројката од 100 голови во ЛШ. Полскиот напаѓач ја достигна оваа импресивна граница на натпреварот против францускиот Брест, каде што погоди од пенал, кој воедно беше негов 14-ти гол во дресот на Барселона во ЛШ. Во самиот финиш на асистенција на Балде, голгетерот на Барса со луциден потег го совлада гостинскиот голман за да ја запечати победата.

Со ова достигнување, Левандовски се приклучи на елитното друштво на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Португалскиот ас е лидер со неверојатни 140 голови, додека Меси има постигнато 129 голови.

Овој момент го зацврстува местото на Левандовски меѓу најголемите голгетери во историјата на елитното европско натпреварување.

Головите на Барса погледнете ги ТУКА

Манчестер Сити доживеа уште еден шок, на натпреварот против Феенорд на кој водеше 3:0 до 75-та минута.

Се чинеше дека англискиот првак ќе стави крај на серијата од пет порази во низа, но наместо славење на „Итихад“,  тага и голем шок на трибините.

Сити имаше убедливо водство од 3:0 со двата голови на Халанд и еден на Гундоган, но голот на Хаџи Муса на 15 минути пред крајот им даде  искра надеж кај Холанѓаните. Набрзо следуваше голот на Хименез за 3:2 во 82-та, а целосен шок за екипата на Гвардиола следуваше по грешката на Едерсон, односно голот на Ханко за 3:3 во 89-та минута.

Пеп Гвардиола не можеше да поверува што му се случи на неговиот тим во период од 15 минути, Сити се обиде да дојде до ново водство, но Џек Грилиш ја погоди само стативата и натпреварот заврши 3:3.

Сити на овој начин ја продлабочи својата криза, но во уште полоша положба во Лигата на шампиони е ПСЖ, кој сега не е меѓу првите 24 екипи.

Головите од Итихад погледнете ги ТУКА

Баер Леверкузен го декласира Салцбург со 5-0, а Интер го победи Лајпциг со 1-0, благодарение на автоголот на Лукеба.

Арсенал беше убедлив на гостувањето во Лисабон и го совлада Спортинг со 1:5.