Лестер и Манчестер Јунајтед одиграа феноменален натпревар во рамките на Премиер лигата. Резултатот на полувремето гласеше 1:1 а прв во водство Мејсон Гринвуд со силен шут од далечина ја смести топката во мрежата на Шмајхел. Голманот на Лестер се фрли но не можеше да го спречи летот на топката во горниот агол од голот.

Меѓутоа по грешката на дефанзивците на Јунајтед, Јури Тилеманс со ефектен лоб го совлада Де Геа и изедначи.

Второто полувреме исто така Лестер дојде до водство од 2:1, a Рашворд израмни на 2:2.

Варди и Дака се погрижија трите бода да останат дома.

https://twitter.com/omz510/status/1449380769034551296?s=20

https://twitter.com/goal7tv/status/1449383509877948417?s=20