Иван Тричковски игра во неверојатна форма оваа сезона во кипарскиот шампионат. Тој денеска повторно постигна гол и тоа на дуелот против Паек, што за него е шести натпревар по ред на кој се запишува во листата на стрелците
Поранешниот македонски репрезентативец реализираше со глава во 12.минута од натпреварот за 1-0. Тој сега има седум голови на шест натпревари во Кипар.
Тричковски има најдобар старт на еден шампионат во својата богата фудбалска кариера, а ваква серија од шест натпревари на кои постигнува барем по еден погодок имал и пред пет сезони.