Бразилскиот фудбалски судија Игор Беневенуто тврди дека во фудбалот има огромен број на луѓе кои ја кријат својата хомосексуалност.
„Ако ги земеме сите учесници во фудбалскиот свет – функционери, тренери, играчи и судии, тогаш сигурно има 30 до 40 проценти хомосексуалци или бисексуалци, односно луѓе кои пробале секс со маж“, тврди Беневенуто, кој поради признанието дека е хомосексуалец, се соочи со хомофобија во Бразил.
Тој за германскиот магазин „Шпигел“ вели дека многу луѓе надвор од фудбалскиот свет забележуваат дека има се повеќе хомосексуални партнерства меѓу фудбалерите, како и лажни бракови.
„Би се изненадиле кој на овој свет е геј“, рече Беневенуто.
Тој посочи дека во Бразил хомосексуалците мора да стравуваат дека заканите нема да останат само на зборови.
Запрашан дали ќе им препорача на другите луѓе да ја објават својата сексуална ориентација, судијата на ФИФА рече дека тоа зависи од ситуацијата и околината.