Пјатек во минатото настапуваше во Серија А, веќе го носеше дресот на Џенова и Милан, а остатокот од сезоната ќе го помине во Фиорентина.
Тој доаѓа од Херта Берлин на шестмесечна позајмица, а Италијанците имаат право да го откупат неговиот договор за 15 милиони евра.
Пјатек во Фиренца ќе го носи бројот 19, а самиот изјави дека е среќен што се враќа во Серија А и дека верува дека на крајот од сезоната со Фиорентина ќе го прослави местото во европските натпреварувања.
Се верува дека Пјатек ќе биде замена за Душан Влаховиќ, српскиот репрезентативец за кој се најавува дека ќе има голем трансфер или во јануари или на крајот од сезоната.