Дербито меѓу Вест хем и Астон вила во Лондон заврши без победник (1-1) во 29. коло од Премиерлигата.

Антонио ја погоди мрежата на Мартинез за водство од 1-0 во 29. минута, а Вест хем имаше нова шанса за да ја зголеми предноста на почетокот на второто полувреме, но ВАР-системот му поништи гол на тимот од Лондон.

Заниоло потоа стрелаше за 1-1 и ги врати гостите од Бирмингем во битката за три бода, по што следеше драма во завршницата кога Вест хем погоди за 2-1, но повторно реагираше ВАР и уште еднаш му го поништи голот.

 

Вест хем е на седмата позиција со 44 бодови, додека Астон вила остана на четвртото место со 56 бода.