Динамо Загреб победи со 1:0 против Вест Хем во шестото и последно коло од групата на Лига Европа. Така си обезбеди пролет во Европа, но и голема заработка.
УЕФА секој освоен бод во групата на Лига Европа го наградува со 210 илјади евра, па околу 630 илјади евра заработи Динамо триумфирајќи над Англичаните. Групата ја заврши со 10 бода, што би долшла заработка од 2,1 милион евра.
Сепак, хрватскиот шампион му следуваше и заработка без да освои ниту еден бод во групата на Лига Европа бидејќи тој е носител. Високиот коефициент му донесе голема основица, или во износ повеќе од 12 милиони евра.
Имено, Динамо поради испаѓањето во плеј-офот од Лигата на шампионите доби 5 милиони евра, додека поради пласманот во групата на Лига Европа ќе добие дополнителни 3,6 милиони евра.
Бидејќи Динамо е четврти најдобар клуб во Лига Европа според коефициентот, добива дополнителни 3,7 милиони евра.
Во овие приходи не се бројат парите што ќе ги заработат од телевизиските права.
Така, Динамо ќе ја заврши годината со над 15 милиони евра заработка на сметка на премиите на УЕФА.