Алжирскиот репрезентативец Билел Бенхамуда го загуби животот на 24 години по тешка сообраќајна несреќа. Тој одигра фантастичен меч за Алжир во победата над Конго постигнувајќи еден гол и асистираше за уште еден во триумфот од 3:0.
Се враќал дома со пријател но изгубил контрола над автомобилот и се забил во бандера. Возилото се запалило и двајцата загинале.
Бенхамуда е играч на УСМ Алжир, а претходно и на Хаџут, а за Алжир има шест натпревари.

.