Енис Барди пред утрешниот меч со Гибралтар, последен во овој циклус, изјави дека поразот од Грузија пред два дена е болен, но дека тој и соиграчите мора да го заборават и да гледаат напред, а со нови победи да се вратат на победничките патеки.
Македонија загуби од Грузија и практично ги загуби шансите за првото место во овој циклус во Лигата на нации, но обврска е на националниот тим да се вратат на победничкиот колосек, а Гибралтар не смее да биде тежок залак на домашен терен за утрешната пресметка.
„Секој пораз боли, но сето тоа е минато. Мора да мислиме и да гледаме напред, мора да ги поправиме грешките. Нема фудбалер кој не го дава максимумот, но фудбалот е таков, некогаш и неправеден, а ние примивме такви голови со Грузија… Мора да гледаме напред, да продолжиме и атмосферата со нови добри резултати сама ќе се врати“, рече Барди.